УЕФА му зададе нов удар на Реал Мадрид пред пресметката со Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во првата рунда од нокаут-фазата од Лигата на шампиони (ЛШ), но шпанскиот гигант доби лоши вести од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) пред двомечот.

„Кралевите“ во последното коло од лигашката фаза загубија со 2-4 од Бенфика, а црвен картон доби Родриго кој беше и дополнително казнет од УЕФА, па нема да може да настапи на следните два натпревари.

Родриго беше исклучен од игра пред крајот на натпреварот, а УЕФА му изрече суспензија од два меча, што значи дека нема да се појави на теренот на дуелот против португалската екипа.

Тоа е уште еден проблем за тренерот Алваро Арбелоа, откако претходно остана без Џуд Белингам поради повреда.

Фото: Facebook/Real Madrid CF