Неверојатно: Бензема дебитира со хет-трик за Ал-Хилал (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач Карим Бензема пред неколку дена го засили Ал-Хилал, а денеска дебитира со хет-трик против Ал-Охдод (6-0).

Бензема ја отвори гол-серијата во 31. минута, по што стрелаше и во 60. и 64. минута за да го комплетира својот хет-трик, по што набрзо беше заменет.

Останатите голови за Ал-Хилал ги постигнаа Малком и Ал-Давсари.

Фото: AlHilal Saudi/Facebook