Во меч со шест гола, Жирона победи кај Гранада! (ВИДЕО)

Жирона со 4-2 победи на гостувањето кај Гранада, домаќините се вратија во финишот, но не успеаа да се извлечат и да останат непоразени.

Жирона во првото полувреме се стекна со предност од 3-0 со голови на Циганков, Савио и Лопез.

Гранада во 63. минута преку Узуни успеа да намали на 3-1, а во 85. минута Боје реализираше за 3-2 и надеж дека може да се избегне пораз.

Сепак четири минути подоцна Коуто даде гол за 4-2 и стави точка на овој натпревар.