Во Интер сакаат тројна круна: Подготвени се богати бонуси за фудбалерите

Според информациите на реномираната „Газета дело спорт“ раководството на Интер има подготвено бонуси за тренерот и фудбалерите и тренерот Инзаги во случај на освојување на Скудето или тројна круна сезонава.

Интер е единствениот италијански тим кој и понатаму игра на три фронта. „Нероаѕурите“ се лидери во Серија А пред второпласираниот Наполи, поминаа во полуфиналето од Купот на Италија и ги чека четвртфиналето во Лигата на шампионите.

За дополнително да ги мотивира фудбалерите „Газета“ пишува дека управата им ветила парични бонуси.

Наводно за тренерот Инзаги е обезбеден бонус од милион евра ако успее да ја освои ттиулата во сезоната 2024/2025. Инзаги во овој момент има договор до 2026 година вреден 6.5 милиони евра и води преговори за продолжување на соработката до 2028 година.

Претседателот на Интер Бепе Марота неодамна изјави дека продолжувањето на договорот со Инзаги е само формалност.

Меѓутоа Инзаги нема да биде единствениот кој ќе добие бонус доколку Интер освои трофеи оваа сезона. Екипата ќе подели шест милиони евра ако стигнат до тројна круна.