Винисиус нема да добие казна, Алонсо објасни како фудбалерот се извинил!

Чаби Алонсо потврди дека Винисиус Жуниор нема да биде казнет за неговото недолично однесување на дерби натпреварот против Барселона кога беснееше кога беше заменет.

Винисиус го привлече вниманието откако реагираше нервозно кога Алонсо го повлече од игра, според шпанските медиуми тој го опцул тренерот, по што замина директно во соблекувалната.

Но, Винисиус нема да добие казна поради неговото однесување затоа што искрено се извинил пред сите во тимот, открива Алонсо.

„Вини со голема страст зборуваше пред нас. Нема да има казна, апсолутно нема да има. Прашањето е завршено. Вини во средата зборуваше пред сите нас и беше фантастичен, се што се случи е минато“, објаснува алонсо.

„Вини беше многу искрен, зборовите доаѓаа од неговото срце. Исто така неговото јавно соопштение беше моќно, сите зборови кои ги кажа до неговите соиграчи се најважната работа“.

„Тој одигра одлично на Ел Класико, Вини е навистина фокусиран, јас сум повеќе од среќен со него“.