Ветеранот Ноер никогаш повеќе нема да го брани голот на Германија!

Еден од најдобрите голмани во историјата на светскиот фудбал, Мануел Ноер, реши да замине во репрезентативна пензија, што значи дека повеќе нема да го брани голот на Германија.

Неговата одлука веднаш стапува на сила, а објавата доаѓа во пресрет на стартот на новата серија средби од Лигата на нации. Тој има 38 години и уште една година од договорот со Баерн Минхен, по чие завршување најверојатно ќе стави крај на феноменалната кариера.

Ноер за германската селекција првпат настапи во 2009 година и оттогаш собра 124 натпревари во дресот на „панцерите“. Во 2014 година беше дел од репрезентацијата што стана светски првак на Мундијалот во Бразил.