Фудбалер на Брера постигна гол од половина терен во дресот на Уганда (ВИДЕО)

Членот на македонскиот прволигаш Брера, Роџерс Мато, беше еден од тие што го одбележаа септемврискиот циклус во Африканскиот Куп на нации, откако го постигна најубавиот погодок во сите одиграни натпревари.

Тој беше стрелец во ремито на Уганда на гости кај Јужна Африка (2-2) и тоа со фантастичен удар од половина терен во 53. минута за водство со 2-1 на својата селекција во Преторија.

За Мато ова е втора сезона во дресот на Брера за која во вкупно одиграни 19 меча постигна два гола.