Велбек се сели во Серија А

Според информациите на италијанските медиуми, римски Лацио е заинтересиран во своите редови да го донесе Дани Велбек. На англискиот напаѓач летово му истекува договорот со Арсенал и по пет години ќе го напушти Лондон.

Освен Лацио за 28- годишниот фудбалер се заинтересирани Евертон и Вест Нем. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед имаше сезона за заборав. Тој одигра само осум натпревари за „топчиите“ на кој постигна еден погодок.