Ван-Бисака се враќа во Палас, Манчестер јунајтед носи нов десен бек

Манчестер јунајтед во летото 2019 година плати неверојатни 50 милиони фунти за Арон Ван-Бисака од Кристал Палас. Десниот бек не покажа апсолутно ништо изминативе три сезони со кои би оправдал барем дел од вложените пари.

Менаџерот Ерик тен Хаг не смета на неговите услуги на стартот од сезоната и бара офанзивен десен бек, кој може да помогне во нападот, а не само во одбраната. Последните шпекулации велат дека Ван-Бисака ќе се врати во редовите на Кристал Палас летово и тоа само за 10 милиони фунти обештетување. 

Јунајтед е пред потпис со Томас Мение од Борусија Дортмунд. Белгиецот е расположен да ја продолжи кариерата во Премиерлигата и да го напушти стадионот „Сигнал Идуна Парк“. Тој е поранешен фудбалер на ПСЖ, каде играше од 2016 до 2020 година.