Уште еден италијански клуб го сака Несторовски за идната сезона

Откако пред неколку дена италијанските медиуми најавија дека второлигашот Беневенто е загреан за македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски за следната сезона, во игра за потпис според најавите на медиумите од Апенините влегува уште еден клуб од Калчото - Бреша.

Несторовски летоска како слободен играч дојде во Удинезе после банкротот во Палермо, но до прекинот во Серија А поради пандемијата со коронавирус не се изнаигра многу, а и голгетерскиот ефект не му е за пофалба со само еден гол, па бидејќи е во „втор план“ (не е прв избор за нападот), неколку клубови гледаат квалитетно засилување за идната сезона.

Беневенто го посакува на барање на Пипо Инѕаги, а ако се рестартира сезоната сигурно е дека овој клуб ќе игра во Серија А, зашто има преголема предност на табелата во второлигашката конкуренција. Сега, во игра влегува и Бреша, наводно според дел од медиумите, како опција за Марио Балотели кој повеќе од извесно е дека ќе си замине, особено ако овој клуб испадне од елитното друштво, иако има договор до јуни 2022 година.

Четири имиња како опции за Бреша за нападот се појавија, покрај Несторовски уште и Лападула, Петинари и Де Лука