„Урлаше во соба кога Болоња губеше, никој не смееше да писне“

Медицинската сестра која задолжена за грижата на Синиша Михајловиќ, Кармела Боскарино, е прогласена од страна на тренерот на Болоња за ангел чувар.

Италијанските медиуми веднаш решија да направат приказна со Кармела, која откри интересни ситуации од болницата и каков пациент беше Синиша.

Ме погодија неговите зборови. Михајловиќ е вистински господин. Јас работев кога тој одржа прес-конференција и неговите зборови ги погодија и останатите пациенти. Ние сестрите се обидуваме да внимаваме на пациентите и да бидеме искрени. На почетокот беше тешко да му помогнеме да ја разбере ситуацијата, но тој стори сé што баравме од него, започна Боскарино.

Таа исто така објасни како се однесувал кога гледал натпревари од болницата.

Кога неговиот тим играше натпревар, знаевме дека не треба да му пречиме. Можевме да го чуеме како лута по собата, но другите пациенти не се жалеа. Кога Болоња губеше, останатите ќе прашаа како се чувствуба, истакна Кармела.

Дури и по тешките терапии во борба против леукемијата, Михајловиќ присуствуваше на натпреварите и за навивачите на Болоња тој е вистински херој.