
УЕФА изрече жестока суспензија за фудбалер на Атлетик Билбао поради - лек за коса!
Тестот бил направен на 1 мај, по полуфиналето во Лига Европа против Манчестер јунајтед, а притоа е утврдено дека фудбалерот користел недозволена супстанција.
„Во својата одлука, УЕФА признава дека немало намера кај фудбалерот за допинг, туку супстанцата е внесена при земање на лек против опаѓање на коса“, соопшти шпанскиот клуб.
Алварез од 2016 година игра за првиот тим на Атлетик Билбао, а досега настапи на 257 натпревари.