Алкараз заработи пет милиони долари, ама на сметка ќе му останат едвај половина

Карлос Алкараз во неделата го совлада Јаник Синер за триумф на УС Опен со што заработи парична награда од пет милиони долари.

На прв поглед, тоа е огромна сума, но Шпанецот на својата сметка ќе добие само половина. Според американските даночни прописи, Алкараз спаѓа во највисокиот даночен степен од 37% за заработка над 609 илјади долари. Тоа значи дека само на име на сојузен данок ќе мора да плати околу 1,7 милиони долари, на ова се додава данок на државата Њујорк кој изнесува 9,65%, плус други трошоци во САД поради што нето добивката паѓа на само 2,5 милиони долари.

Во оваа сума не се вклучени трошоците патување и сместување, како и големите тренерски и ПР екипи кои ги има секој професионален спортист, особено оние во индивидуалните спортови.