Јамал со прослава во стилот на Леброн ја подели Шпанија (ФОТО)

Ламин Јамал, кој е една од главните ѕвезди на Барселона и Шпанија, продолжи да ја воодушевува јавноста со неговите голови, меѓутоа неговата последна прослава предизвика поделени реакции.

Јамал веќе некое време симулира ставање на круна на главата, а прославата е инспирирана од Леброн Џејмс, но тоа не им се допаѓа на дел од навивачите.

Тие сметаат дека Јамал почнал да „лета во облаци“ и мора повеќе да се посвети на спортот и напорно да работи за да постигне големи успеси во кариерата.

Фото: Facebook/FC Barcelona