
Башкими е новиот осминафиналист во Купот на Македонија
Кумановскиот состав влезе како фаворит во натпреварот и таа улога ја оправда со погодоците на: Хаџиќ, Мемети, Мислими и Аворнио.
Пред Башкими својот пласман во осминафиналето го обезбедија: Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Силекс, Новаци, Охрид, Детонит, Брегалница и Шкендија Арачиново.
Ќе потсетиме, Струга и Вардар како финалисти од минатата година обезбедија директно место во осминафиналето.