Шкупи се засили со син на поранешен репрезентативец на Македонија

Eкипата на Шкупи во своите редови го доведе Марио Станковски, синот на поранешниот македонски репрезентативец Горан Станковски.

Марио Станковски кој има 26 години речиси цела своја кариера е во македонскиот фудбал со исклучок на една полусезона во 2023 година кога го носеше дресот на Триглав од Словенија.

Во Македонија беше дел од: Работнички, Тетекс, Тиквеш, Работнички, Гостивар, Саса, Борец и Македонија Ѓорче Петров каде што настапуваше минатата сезона.

Неговиот брат, Лука Станковски пред неколку дена во натпреварот против Лихтенштајн го постигна и првенецот во македонската репрезентција.