Кејн: Ако слушнеме навреди во Белград, ќе го напуштиме теренот

Репрезентаиите на Србија и Англија вечерва од 20:45 ќе ги одмерат силите во квалифкациите за Светското првенство.

Пред овој натпревар за можните расистички навреди од трибините зборуваше напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн.

„Имавме таква ситуација во Бугарија во 2019 година. УЕФА има прописи кои ги познаваme. Сите знаете што се случува. Подготвени сме дека тоа може да се случи и ќе постапиме исто како во тој натпревар против Бугарија. Сепак, ни сме фокусирани само на тоа што ќе се случува на теренот“, изјави Кејн.

Во тој натпревар во 2019 година натпреварот помеѓу Англија и Бугарија двапати се прекинуваше, а на крајот Англија победи со 6-0.

Фото: England/X