
Голема предност за Македонија: Италија остана со фудбалер помалку! (ВИДЕО)
Фудбалерот на Емполи, Брандо Моруци погреши, а тоа го искористи Гаштаров кој му ја украде топката и тргна сам кон голот на Италијанците. Тогаш Моруци го собори Гаштаров и сосема заслужено многу рано го заврши натпреварот.