Пелистер договори уште еден Американец: Си-Џеј Вилсон се пресели во Битола!

Македонскиот прволигаш Пелистер денеска промовира уште едно засилување, а тоа е американскиот кошаркар Си-Џеј Вилсон.

Вилсон претходно играше за екипата на Кожув и беше нивни најдобар кошаркар, па се очекува да биде големо засилување за битолчани.

Пелистер претходно се засили и со Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс, Брејси Дејвис и Никола Малешевиќ.