
Претседателот на Фенер го замени Мурињо со тренер кој освоил само еден трофеј во кариерата
До тоа, сепак, нема да дојде бидејќи изборот на претседателот Али Коч падна на италијанскиот стручњак Доменико Тедеско. Тој беше без ангажман последните девет месеци откако неславно си замина од кормилото на белгиската репрезентација, а медиумите во Турција тврдат дека со Фенербахче потпишал договор на две години и најверојатно денеска официјално ќе биде претставен.
Навивачите на Фенербахче се апсолутно незадоволни од оваа одлука и тоа од повеќе причини. Прво, Тедеско во својата кариера има само еден освоен трофеј и тоа со Лајпциг во Купот на Германија. Како таков, тој не претставува опасност за Галатасарај кој доминира во турскиот фудбал, ниту е гаранција дека ќе има подобри резултати од Мурињо.
Освен тоа, фановите на клубот од Истанбул не можат да му простат кога како тренер на Шалке во 2018 година го величеше легендарниот тренер на Галатасарај, Фатих Терим. Поради тоа, Италијанецот нема да има пречек како Мурињо, а сигурно и нема да ја има поддршката од трибините на натпреварите што претстојат.