Просинечки пред отказ од црногорската репрезентација

Роберт Просинечки имаше блескава играчка, но истото не може да се каже за неговата блескава кариера.

Без поголем успех досега на клупско ниво, а и како селектор нема нешто со што може да се пофали. Синоќа Црна Гора со него на клупата доживеа дебакл од Хрватска во Загреб, а најболно е тоа што неговата селекција не упати ниеден удар за 90 минути игра. Како последица на тоа, Просинечки најави дека денеска би можел да ја напушти функцијата.

„Одам за Подгорица, ќе разговарам со челниците и претседателот на Сојузот, па ќе видиме што понатаму“, изјави Просинечки.

Иако е добар пријател со Дејан Савичевиќ, легендарниот Хрват е под голем притисок на медиумите откако Црна Гора веројатно ги загуби шансите преку квалификациите да се пласира на Светското првенство.