Пред три децении Битола беше домаќин на Шпанија, денеска тука гостува Италија! (ВИДЕО)

Денеска македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја пречекува Италија на реновираниот стадион во Битола, мечот почнува од 18:15 часот.

Битола ретко била домаќин на македонските репрезентации, такво нешто се случи пред точно 31 година кога овој град исто како и денес пречека атрактивна селекција.

Тогаш, на 11 октомври 1994 година, бевме домаќини на шпанските надежи кои со убав гол на Оскар Гарсија дојдоа до минимална победа од 1-0.

За Македонија У21 на тој меч настапија: Грујоски, Капинковски, Николовски, Герасимовски, Васевски, Ангелов, Захариевски, Ѓорѓиоски, Михајлов, Шаќири, Христов (замени: Шаиноски, Беќири)
селектор: Јово Никушев.

Денеска Битола повторно е домаќин на атрактивна селекција, момците ќе ги одмерат силите со младата репрезентација на Италија.

Ова е дуел од второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство.

Првиот меч го загубивме убедливо од Полска со 3-0, додека Италија во Македонија пристигнува по триумф над Црна Гора од 2-1.

Како изгледа реновираниот стадион во Битола: