Удар за егото на Португалецот: Поранешен соиграч на Роналдо го избра Меси за најдобар на светот!

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, неодамна беше запрашан за тоа кој е негов фаворит во ривалството помеѓу Кристијан Роналдо и Лионел Меси, а неговиот одговор изненади многумина.

Без разлика што неколку сезони делеше добро и лошо со Португалецот во дресот на „ѓаволите“, некогашниот репрезентативец, а сега селектор на Велс одговори дека воопшто нема споредба во играта на двајцата со оглед што таа на Аргентинецот е над сите.

„Изборот помеѓу Роналдо и Меси е многу тежок и колку да сакам дека Кристијано е подобар, бидејќи играв со него и ја видов неговата еволуција како фудбалер, но Меси, сепак, е генијалец. Тоа е играч каков што гледате еднаш во животот и не може да биде спореден со ниту еден друг фудбалер, макар тоа бил и Роналдо“ , вели Гигс.

Ривалитетот помеѓу португалскиот и аргентинскиот ас трае со години, а ќе треба да мине многу време додека може со сигурност да се каже кој од нив е подобар, со оглед што и двајцата веќе имаат постигнато по повеќе од 600 голови, а имаат освоено и по пет „Златни топки“.