Убаво им кажа Лапорта во 2024 на „кралевите“: Мбапе ќе ви ја уништи соблекувалната

Фудбалерите на Барселона освоија уште еден пехар, и тоа со триумф против Реал Мадрид во финалето на Суперкупот, а еден од најкритикуваните играчи беше француската ѕвезда Килијан Мбапе.

Каталонските медиуми потсетија на изјавата на Жоан Лапорта во 2024 година, кога Мбапе реши да потпише за „кралевите“, а првиот човек на Барселона кажа дека не жали што Французинот се преселил во Мадрид.

„Не му завидувам на Реал Мадрид што потпиша со Килијан Мбапе, тој ќе им ја наруши соблекувалната“, кажа Лапорта во 2024 година.

Фото: Facebook/FC Barcelona