Турчин ептен интересно се збогува со Елмас: Детето порасна, го оствари сонот и стигна до милионите (ФОТО)

Турски навивач на Фенербахче ептен креативно денеска се збогува со македонскиот екстра талент Елиф Елмас, кој веќе пристигна во Рим во „Вила Стуарт“ за да ги изврши лекарските прегледи пред да го потпише договорот со италијански Наполи.

Елмас се збогува од Фенербахче после две години минати во овој клуб откако дојде од скопски Работнички, а Турчинот Махмут Озан со три слики интересно го објави остварувањето на детскиот сон на младиот фудбалер – од дете до милионер.

„Детето порасна. За 180 илјади евра дојде во клубот за кој сонуваше од дете, а сега заминува за 16 милиони евра“, напиша Озан.