Тудор направи потег со кој сака да го сплоти тимот на Јуве - повикани биле и отпишаните!

Во пресрет на почетокот на новата сезона, тренерот на Јувентус, Игор Тудор одлучи да преземе важен чекор за јакнење на тимскиот дух што може да биде многу значајно за добра сезона.

Целиот тим, вклучувајќи ги играчите чија иднина е неизвесна во клубот, Тудор ги однел на вечера во Германија каде тимот се подготвува за пријателскиот меч против Борусија Дортмунд.

Тудор ги почастил играчите со вечера во азијски ресторан во Нирнберг, а италијанските медиуми овој потег го оценуваат како клучен за изградба на зедништво во тимот.

На вечерата не присуствувале само фудбалерите, туку и клупското раководство, вклучувајќи го и извршниот директор Маурицио Сканавино, директорот Франсиа Модесо и тим менаџерот Мареа Фбрисио.

На вечерата биле сите фудбалери, дури и оние кои се прогнозира дека ќе заминат. Меѓу нив биле и Даглас Луис, Артур Мело, Душан Влаховиќ, Нико Гонзалез и Тиаго Џало, со што Тудор испрати важна порака за заедништво на целата група.