Тричковски добива нова улога во АЕЛ - ќе биде генерален директор!

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски добива нова улога во АЕЛ Лимасол, односно во иднина ќе ја извршува функцијата на генерален директор на клубот.

Тричковски оваа сезона ја помина во екипата на АЕЛ Лимасол, откако претходно осум години го носеше дресот на АЕК Ларнака, но сега е време за нов предизвик во неговата спортска кариера.

Оваа сезона во дресот на АЕЛ настапи на 18 меча и постигна седум голови, додека во кариерата играше и за Вардар, Работнички, Црвена Звезда и други екипи.

Фото: Facebook/AEL Limassol FC