Три премиерлигаши се борат за Хујсен, а тој сака да потпише за шпански гигант!
Премиерлигашите се подготвени да го купат Хујсен, односно да ја активираат клаузулата од 50 милиони фунти, меѓутоа Шпанецот чека официјална понуда од Реал Мадрид, откако претходно кажа дека неговиот сон е да го облече дресот на шпанскиот гигант.
Реал Мадрид во следниот период треба да донесе конечна одлука дали е подготвен да ја плати откупната клаузула за младиот дефанзивец.
Фото: Facebook/AFC Bournemouth