Три англиски гиганти го сакаат Родриго, но цената е многу висока!

Родриго сака да го напушти Реал Мадрид престојното лето, тоа ги крена на нозе Премиерлигашите кои ќе атакуваат на неговиот потпис, но ќе треба скапо да платат.

Родриго не е задоволен од неговиот третман во Реал Мадрид, иако е еден од најдобрите, се чувствува како да е во сенка на ѕвездите како што се Винисиус, Мбепе и Белингем.

Информациите велат дека Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити ќе се борат за потписот на Родриго.

Минималната сума која ја има одредено Реал Мадрид за продажба на Родриго е високи 100 милиони евра.