Трагедија: Почина навивач од срцев удар на меч во Ла Лига

Голема драма се случувала на трибините пред почетокот на мечот меѓу Валенсија и Кадиз во Ла Лига, која имаше трагичен епилог затоа што почина навивач.

Навивачот доживеал срцев удар, по што веднаш реагирале медицинските екипи и се обиделе да го реанимираат, меѓутоа не успеале и лицето било пренесено во болница, каде што докторите констатирале смрт.

Натпреварот меѓу Валенсија и Кадиз почна со задоцнување од 10 минути поради инцидентот на трибините.