Тифозите на Интер купиле 50.000 свирчиња: Лукаку да го чуе нашето незадоволство!

Интер и Рома играат во Милано на 29 октомври, во 10. коло од Серија А и тоа ќе биде првото враќање на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“ откако преговараше зад грбот на челниците на Интер да си замине оттаму, оваа пролет.

Поради тоа навивачите на Интер ќе му приредат незаборавен и гласен пречек.

„29 октомври е датумот кој треба да го заокружиме во календарот, за да бидеме подготвени за тој да го чуе нашето незадоволство кое го чувствуваме кон некого кој ни го свртел грбот на најсрамен начин. Карактер кој се покажа како мал човек, бидејќи пред да бидете шампион, мора прво да бидете човек и да знаете како да си го сочувате зборот. Те браневме со мечови, а ти ни возврати вртејќи ни го грбот. Пред натпреварот со рома, 'Курва норд' ќе подели 50.000 свирчиња кои ќе бидат искористени за секој допир на топката за тој што го предаде нашиот дрес“, известија „нераѕурите“.

Лукаку две сезони играше во Интер како позајмен од Челси. Последнава одигра одлично во пролетната полусезона, како интегрален дел од пласманот во финалето на ЛШ и пехарот во Купот на Италија, па затоа Интер посака да го задржи.

Додека преговараше со Челси за 30 или 35 милиони евра, Лукаку се договарал со Јувентус. Кога раководството на Интер го дозна тоа прекина секакви преговори и ја отфрли можноста за продолжување на соработката со Белгиецот. 

На крај пропаднаа преговорите меѓу Челси и Јуве, па тој заврши во Рома и затоа сега како нејзин играч ќе гостува во Милано.