Тен Хаг по кратка пауза се враќа во Премиер лигата!?

Холанѓанецот Ерик Тен Хаг не се прослави на кормилото на Баер Леверкузен, поради што доби отказ уште на почетокот на сезоната, а сега се шпекулира дека би можел да се врати во Премиер лигата.

Новинарот Фабрицио Романо пишува дека Тен Хаг е еден од кандидатите за нов тренер на Вулверхемптон, кој остана без стратег по лошите резултати.

Тен Хаг претходно го тренираше Манчестер јунајтед, со кој немаше добри резултати во англиската елита, но очигледно на Вулверхемптон тоа не му пречи и веруваат во квалитетите на Холанѓанецот.

Фото: Bayer Leverkusen