Таткото на Нејмар: Тоа што го изјави син ми не е дека не го почитува ПСЖ

Таткото на контроверзниот бразилски напаѓач Нејмар смета дека неговиот син не  покажал непочитување кон францускиот гигант ПСЖ, откако поранешниот голгетер на Барселона пред неколку дена изјави дека победата на „Каталонците“ над „Светците“ од 6:1 му е омилен фудбалски спомен.

Ѕвездата се приклучи денес кон предсезонските подготовки на францускиот шампиони, а неговата желба да го напушти тимот во насока обратно на „Камп Ноу“ е општо позната.

Таткото на напаѓачот сепак негира дека неговиот син наштетил на имиџот на неговиот сегашен клуб.

Мојот син не покажа непочитување кон ПСЖ или кон фудбалерите кои играа пред две години. Некои од нив се негови соиграчи. Тој се сеќава на овој меч како еден од најважните во својата кариера. Мојот син е фудбалер на ПСЖ, но не може едноставно да ја заборави својата историја, која на крајот го доведе во Париз, изјави Нејмар постариот, бранејќи го својот син.

За играчот доаѓа важна недела во која ќе биде познато дали ќе остане на „Паркот на принцовите“ или ќе се врати во Барса.