Столе Димитриевски позитивен на коронавирус!

Македонската репрезентативна единица Столе Димитриевски е заразен од коронавирус, објави „Унион Рајо“, портал близок до клубот, откако претходно малиот мадриски клуб Рајо Валјекано посочи дека има еден заразен од ковид-19 во нивниот тим.

Димитриевски е прв голман на шпансиот второлигаш, кој летово се поврзуваше со трансфер во Хетафе или враќање во Гранада, откако добил две исклучително атрактивни понуди, но сега македонскиот голман ќе мора да оди во изолација.

Димитриевски нема симптоми, но ќе мора да виде во изолација додека два контролни теста не се покажат негативни. Веќе за утре има закажано нов ПЦР-тест, но неколку вакви тестирања ќе мора да помине чуварот на мрежата пред да се врати на тренинзи.

Тој е прв македонски репрезентативец со коронавирус, а сето ова доаѓа нецел месец до повторниот собир на македонската фудбалска репрезентација, која од 3 до 8 септември ги има воведните два меча во Лигата на нации и втората сезона која треба да почне.