Спречен терористички напад врз фудбалерите на Реал Мадрид

Шпанските власти уапсиле девет лица пред крајот на фудбалската сезона, откако Исламска држава ги повикала своите следбеници да го нападнат автобусот со играчите на Реал Мадрид.

„Ел Конфиденсијал“ пишува дека организација која се поврзува со Исламска држава била вклучена во мисијата да се случи напад на автобусот на „кралевите“.

Организации блиски до Исламска држава веќе се заканија и со напади во Париз, Мадрид и Минхен додека траеше Лигата на шампиони (ЛШ), но за среќа не се случи ниту еден.