Спортскиот директор на Локомотив Москва ќе стане тренер на Манчестер јунајтед!?

„Атлетик“ објави ексклузивна информација дека Манчестер јунајтед ќе го вработи искусниот Ралф Рагник како нов тренер на екипата, па така тој треба да го наследи Оле Гунар Солшер кој си замина преку неколку денови.

Рагник е познат по создавањето на неверојатниот тим на Хофенхајм, кој стана хит во Германија, а потоа работеше во Лајпциг, Шалке, Штутгарт и Хановер.

Искусниот стратег треба да седне на кормилото на „црвените ѓаволи“ во текот на следната недела, а на клупата ќе дебитира во мечот против Арсенал, кој е закажан на 2 декември.

Рагник во моментов работи како спортски директов во Локомотив Москва, но со тимот договорил да ја прекине соработката затоа што добива шанса да ги води „ѓаволите“.