„Што требаше Левандовски уште да направи за 'златната топка', да даде гол со ножички од центар?“
Левандовски лани извиси за наградата зашто францускиот магазин не ја додели, а годинава Меси го победи и поради освоената Копа Америка со Аргентина. Поранешниот дефанзивец на Баерн, Џером Боатенг, екс-соиграч на Левандовски е последен во низата кој жестоко го критикуваа францускиот магазин.
„Ако е единствено важно да се избере најдобриот фудбалер во целина, а тука пред сѐ влегува талентот, тогаш работата е проста – или Меси или Роналдо! Ама, наградата се доделува на годишно ниво, па во обзир се зема статистиката, трофеите... И тогаш треба да процените на друг начин. Многу ми е жал за Лева, зашто дефинитивно ја заслужи 'златната топка'. Мене ова ме потсеќа на 2013 година, кога Франк Рибери не ја освои наградата. И многу ми е жал. Дури се прашувам што требаше Левандовски да направи за наградата, веројатно уште да даде гол со ножички од центар. Ова нема да го потресе многу Роберт, ама секако дека ова е големо разочарување. Но, бидејќи го знам, ова сега ќе му биде уште поголем мотив“, вели Боатенг.