Сасуоло му приреди нов шок на Лацио и го приближи Јувентус до одбрана на титулата (ВИДЕО)

И трет натпревар во низа екипата на Лацио претрпува пораз во Серија А, откако денеска одигра 1-2 на домашен терен против секогаш незгодниот Сасуоло, а со тоа и го загуби чекорот за титулата.

Лацио долго време ја плетеше мрежата на Сасуло, а до погодок дојде во 33. минута преку Луис Алберто и сите помислија дека конечно ќе дојде до победа. Сепак, на стартот од второто полувреме Сасуоло прво израмни на 1-1 со голот на Распадори во 52. минута, а големиот триумф на Сасуоло му го донесе Капуто во 91. минута.

Сега, Лацио има минус седум бода во однос на лидерот Јувентус, кој има 75 бода, додека Сасуоло е осми со 43 бода.