Шампионот не греши два пати по ред: Прва победа во сезоната на Интер (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Италија, Интер ја оствари првата победа во сезоната откако вечерва на домашен терен го совлада Лече со 2-0.

По киксот во првото коло, „нераѕурите“ немаа проблем против аутсајдерот и по само пет минути го скршија отпорот на противникот. Резултатот го отвори Дармијан на асистенција на Тареми за Чалханоглу од пенал во 69. минута да стави точка на сите дилеми.

Впечаток е дека шампионот уште не е влезен во посакуваната форма, но игра колку што е потребно бидејќи и покрај тоа што имаше 70% посед на топка, упати само пет шута во рамките на голот на Лече.