Се „запалија“ страстите: Нејмар си го доби тоа што го заслужуваше!

ПСЖ успеа да го победи својот ривал Олимпик Марсеј со 3-0, но резултатот остана во сенка на повредата на Нејмар, а сега дополително ја подгреа ситуацијата дефанзивецот на Марсеј, Џордан Амави.

Од Париз стигнаа информации дека повредата на Нејмар не е едноставна, но тој нема да оди на операција, па најверојатно ќе биде подготвен за мечот против Реал Мадрид, кој се игра на шести март, но страстите сѐ уште не се смируваат, па најнов коментар стигна од Амави.

„Игравме сосема нормално против Нејмар. Само мислиме дека тој самиот си бараше проблем. Само ви кажувам што видов на теренот. Не чекаше да го притиснеме и потоа во последен момент се ослободуваше од топката. Што очекуваше? Не знам, но мислам дека си го доби тоа што го заслужи“, вели дефанзивецот на Марсеј.