Се тресеше гората, пак се роди глушец: Милинковиќ-Савиќ ќе си остане во Лацио?!

Втора година по ред, цело лето на Апенините сите беа прокупирани со иднината и џиновскиот трансфер на Србинот Сергеј Милинковиќ-Савич и вторпат од евентуален џиновски трансфер нема да испадне ништо.

Ако минатото лето цената му беше 150 милиони евра, па дури и за толку првиот човек на „орлите“ Клаудио Лотито не сакаше да го продаде, после лошата ланска сезона, цената на Србинот речиси за двојно падна. И повторно се поврзуваше со Манчестер јунајтед, Интер, Јувентус... Но, на крајот повторно трансфер нема да има, зашто на „Олимпико“ не стигнала никаква понуда.

И тоа што е најинтересно, сега на половина месец до крајот на преодниот рок за „орлите“ било доцна дури и да дојде понуда за да го продадат. Ќе немале време да најдат адекватна замена. Тренерот Симоне Инѕаги веќе добил верување дека Милинковиќ-Савиќ останува, наводно тоа го потврдил и српскиот репрезентативец, па така уште една трансфер-сага завршува неславно

Освен ова, италијанските медиуми најавуваат дека за сето ова Милинковиќ-Савиќ ќе добие награда од половина милион евра. Наводно неговата плата ќе се зголеми на 3,5 милиони евра и со тоа ќе биде најплатен фудбалер во Лацио, пред Чиро Имобиле токму за тие половина милион евра.