
Само Роналдо стигна побрзо до 50 гола во дресот на Реал
За тоа му беа потребни 64 натпревари одиграни за 13 месеци колку што поминаа од неговото деби. Минатата сезона беше најдобар стрелец во Ла Лига, а сега се заканува истото признание да го добие и во Лигата на шампионите.
Побрзо од Мбапе до бројката од 50 гола во историјата на Реал стигнал само Кристијано Роналдо. На Португалецот му беа потребни само 54 натпревари, а рекордот, кој веројатно уште долго ќе трае, го постави во 2010 година.