Салах му се налути на Ливерпул и го избриша од Инстаграм профилот (ФОТО)
„Црвените“ беа во серија од четири порази во сите натпреварувања која е прекината со триумфот против Ајнтрахт во Лигата на шампионите. Токму на тој меч менаџерот Арне Слот одлучи да го остави Египќанецот на клупа и тој не беше дел од стартната постава. Во игра влезе во 74. минута и веројатно револтиран од одлуката на менаџерот, постојано сам ги завршуваше акциите што исто така предизвика лутина кај навивачите.
Дека не му е сеедно тоа што не е стартер, потврда е потегот на Салах во текот на вчерашниот ден. Од својата биографија на Инстаграм профилот, тој го тргна Ливерпул, па сега не пишува дека е фудбалер на овој клуб.
Ова веројатно е јасна назнака дека Салах ја игра последната сезона во Ливерпул и дека од идната година ќе носи дрес на друга екипа.