Јамал жестоко удри по Реал: Ем краде, ем се жали (ВИДЕО)

Младата суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал го навлече гневот на навивачите на Реал со една своја изјава, дадена во телевизиска емисија.

Програмата беше поврзана со Кралската лига која ја организира Жерард Пике, но неизбежна тема е претстојното Ел Класико кое се игра в недела на „Бернабе“. Јамал беше прашан дали Реал краде, веројатно алудирајќи на помошта од судиите, а а одговорот беше изненадувачки.

„Краде... Ем краде, ем се жали“, рече Јамал по што темата беше затворена, со цел да не се направат проблеми пред Ел Класико.

Минатата сезона Реал создаде неверојатно лоша атмосфера пред речиси сите натпревари против Барселона, обвинувајќи ги судиите дека му помагаат на каталонскиот клуб. Тоа резултираше со неколку судиски грешки на штета на Барселона, но тимот на Ханси Флик сепак славеше во сите четири пресметки од кои три беа директни дуели за трофеите во шпанскиот фудбал.