Ни трипл дабл на Јокиќ, ни 50 поени на Гордон не беа доволни... Кари го сруши Денвер (ВИДЕО)
Гостите од Колорадо ги имаа сите услови со победа да ја почнат сезоната бидејќи за нив ова беше прв меч, но не им беше доволен ни рекордот на Ерон Гордон, ни трипл дабл ефектот на Никола Јокиќ. Натпреварот имaше спектакуларен крај на регуларнioт тек. Гордон погоди тројка за водство на Денвер на 25,7 секунди до крајот, а Кари одговори со шут од далечина за израмнување на само 4,3 секунди до крајот (120-120). Никола Јокиќ имаше шанса за победа, но неговиот шут не беше прецизен и натпреварот отиде во продолжение.
Дополнителните пет минути поминаа во знакот на Вориорс кои ја презедоа контролата, направија одлучувачка серија од 12-2 и со тоа ја обезбедија својата втора победа во сезоната. Кари постигна вкупно 22 поени во четвртата четвртина и продолжението.
Кошаркарот на Денвер, Ерон Гордон го одигра натпреварот на кариерата. Со 50 поени (17/21 шут) го собори рекордот на франшизата што го држеше Алекс Инглиш кога станува збор за прв натпревар од сезоната, поставен во 1985 година, исто така против Голден Стејт. Покрај тоа, неговите 10 тројки го израмнија рекордот на Тери Розие од 2020 година за најмногу тројки во прв натпревар од сезоната. Гордон веќе во првото полувреме имаше седум тројки од исто толку обиди. Тој е само шести кошаркар во историјата на НБА кој ја почнал сезоната со 50 поени на првиот натпревар, по Мајкл Џордан (два пати), Кајри Ирвинг, Ентони Дејвис, Елџин Бејлор и Вилт Чембрлен.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 21 поен, 13 скока и 10 асистенции. Тој му се придружи на легендарниот Оскар Робертсон како единствени играчи во историјата на НБА со четири трипл-дабл во првите натпревари од сезоната. Сепак, ништот од тоа не беше доволно поради фантастичниот Кари кој го заврши натпреварот со 42 поена.
Во вториот натпревар од ноќешната програма, меѓу Индијана и Оклахома се играа две продолженија, а славеше шампионот со 141-135.
фото: EPA photo