Гилџес Александер со рекорд на кариерата му донесе нова победа на шампионот (ВИДЕО)

Шеј Гилџес Александар постигна рекордни во кариерата 55 поени, а Оклахома Сити Тандер ја оствари втората победа во сезоната, триумфирајќи против Индијана Пејсерс со 141-135 во репризата на финалето од минатата сезона.

Актуелниот МВП стигна до 50 поени по петти пат во кариерата, израмнувајќи се со Расел Вестбрук, но Вестбрук и натаму ги има најдобрите два индивидуални ефекта во историјата на франшизата - 58 и 57 поени на еден меч. Гилџес Александар беше иницијатор на клучната серија на Оклахома во второто продолжение. Натпреварот го заврши со 15/31 од теренот и 23.26 од линијата за слободни фрлања, а додаде и осум скока и осум асистенции. Арон Вигинс заврши со 23 поени и девет скока, а Ајзеа Хартенстајн оствари 14 скока.

Бенедикт Матурин ја предводеше Индијана со 36 поени и 11 скока за Пејсерс, Паскал Сиакам постигна 32 поена и 15 скока за Индијана, која се соочува со големи проблеми бидејќи е без двократниот Ол-стар бек Тајрис Халибартон и резервниот плејмејкер Ти Џеј Меконел, а го загуби и бекот Ендру Нембхард поради повреда на левото рамо во првото полувреме.

Ниту еден од тимовите не водеше со повеќе од седум поени разлика, а натпреварот го одбележаа 70. лични грешки и дури 91 слободно фрлање на двете страни.