Руски гигант го сака Барди - понуди 13 милиони евра!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со одличните настапи во националниот дрес и во дресот на шпански Леванте привлече интерес од руски гигант.

Руските медиуми пишуваат дека Спартак Москва е заинтересиран за нашиот репрезентативец и планира да плати 13 милиони евра за неговиот потпис, иако Леванте бара 20 милиони евра.

Сепак, рускиот гигант ќе се соочи со конкуренција од Валенсија и Ред Бул Лајпциг, кои се заинтересирани за Барди, но немаат уште преземано конкретни потези.

Инаку, 23-годишниот Барди во 2017 година дојде во Леванте од Ујпешт и со шпанската екипа има договор до 2022 година.