Руд ван Нистелрој со една реченица перфектно го опиша Лионел Меси

Руд ван Нистелрој своевремено важеше за еден од најдобрите голгетери во светот. Играше за ПСВ, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Малага. 

Холанѓанецот имаше неверојатна техника и фантастичен инстинкт за гол, па беше вистинска напаст за противничките одбрани. За холандската телевизија „Фокс Спортс“ даде интересна изјава кога беше запрашан кој е најдобриот фудбалер на светот.

„Кристијано Роналдо е голгетер, Иниеста е мозок, Салах, Мане, Азар и Мбапе сите се тоа одлични фудбалери, но кога ќе ги споите сите заедно, тогаш го добивате Меси. Никој не е ни близу до него“, изјави Ван Нистелрој.