Роналдо пак ќе се опари, Јувентус мора да му плати речиси 10 милиони евра

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо го доби судскиот спор со Јувентус и ќе наплати од торинскиот клуб речиси 10 милиони евра, плус камати.

Роналдо почна правна битка против својот поранешен клуб за околу 19,5 милиони евра, неисплатени плати кои произлегоа од маневрите извршени за време на пандемијата со корона вирусот. Јувентус склопил приватни договори со Роналдо и останатите фудбалери, одложувајќи ја исплатата на платите, но не ја известил Фудбалската федерација на Италија во своите финансиски извештаи.

Арбитражниот суд пресуди дека и клубот и Роналдо имаат одговорност за случајот, па пресуди дека Јувентус ќе треба да плати половина од бараната сума - 9,7 милиони евра плус камати.