Роналдо предизвика инцидент на мечот против Ал-Фатех (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо конечно го постигна својот прв гол за Ал Наср во ремито против Ал-Фатех (2-2), но Португалецот е во центар на внимание и поради еден инцидент на теренот.

Роналдо се изнервира затоа што Амар Ал Дахем остана да лежи во казнениот простор по дуел и го крена, а потоа се вмешаа и другите фудбалери, но за среќа беше избегнат посериозен инцидент.